Спорт

„Четворката“ на Занети заминува во „пензија“

„Четворката“ на Занети заминува во „пензија“

Во текот на следната недела, Интер ќе го повлече дресот со бројот четири, кој го носеше поранешниот капитен Хавиер Занети, најави клупскиот претседател, Ерик Тохир.

Тој додаде дека на 4.мај на стадионот „Џузепе Меаца“ ќе биде организиран хуманитарен меч и најави дека дресот со бројот четири ќе замине во „пензија“.

-Помеѓу играчите кои ќе излезат на терен нема да видиш никој да го носи бројот четири, твојот четири. Ти си икона, легенда на клубот, светска легенда, му порача Тохир на Занети.

Аргентинецот во моментов ја извршува потпретседателската функција кај „Нероаѕурите“. Тој во Интер пристигна во 1995-та година и за 19 години освои пет титули во Серија А, четири трофеи во Купот на Италија, четири Суперкупа на Италија, Лигата на шампионите, Светско клупско првенство и Купот на УЕФА.