Македонија

Четврта изложба на ротвајлери во Аеродром

Четврта изложба на ротвајлери во Аеродром

Четвртата специјализирана меѓународна изложба за ротвајлери „Macedonian Klub Siieger 2014“ се одржа изминатиов викенд во паркот со авион во Ново Лисиче.

Оваа манифестација наиде на голем одѕив кај жителите на Општина Аеродром, кои со своите семејства ја посетија манифестацијата и уживаа во она што можеа да го видат на изложбата.

Инаку, гости и изложувачи на кучиња покрај од Македонија, имаше од повеќе европски држави, меѓу кои Србија, Бугарија, Грција, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Романија и Шпанија.

Целата на изложбата е промоција на македонската кинологија, како и промоција на расата ротвајлер.