среда, 29 март 2017  |  Вести денес: 52

Четврта ротација на словачки полицајци во Македонија

Дваесет и пет припадници на полицијата на Словачка на 29-ти овој месец ќе пристигнат во Македонија за да спроведуваат заеднички патролни активности со македонските колеги на државната граница со Грција, информира денеска Амбасадата на Република Словачка во Скопје.

Поврзани вести

Дваесет и пет припадници на полицијата на Словачка на 29-ти овој месец ќе пристигнат во Македонија за да спроведуваат заеднички патролни активности со македонските колеги на државната граница со Грција, информира денеска Амбасадата на Република Словачка во Скопје.

Четвртата ротација на 25-те припадници на словачката полиција е врз основа на Меморандумот за разбирање помеѓу министерствата за внатрешни работи на Република Словачка и Република Македонија.

Словачките полицајци, како што се наведува во соопштението од Амбасадата, ќе спроведуваат заеднички патролни активности со македонските колеги на државната граница со Грција, со цел превенција во областа на јавната безбедност и неовластеното преминување на државната граница. Словачка полициска единица ќе биде повторно распоредена во областа на Дојранското езеро.

Полицајците ќе бидат соодветно опремени – со теренски моторни возила, термални камери и уреди за ноќно гледање. Мандатот на словачката полицициска мисија ќе биде 30 дена со можност за продолжување.

Република Словачка до сега испрати во земјата вкупно 100 полициски службеници што е најголем допринос по глава на жител од осумте странски држави кои учествуваат во заедничките операции во Република Македонија. Помошта е израз на солидарност во решавањето на мигрантската криза и во контекстот на актуелното (од 1-ви јули) словачкото претседателство во Советот на ЕУ, каде еден од приоритетите е „одржлива мигрантска и азилска политика”.

Најчитани вести