Четврта жртва од студот во БиХ

Мажот, кој почина недалеку од Теслиќ е четврта жртва на ниските температури во Босна и Херцеговина, соопшти денеска Центарот за јавна безбедност во Добој, пренесе МИА.

Од центарот известуваат дека 46-годишниот маж се смрзнал откако во алкохолизирана состојба не успеал да излезе од потокот во кој паднал во месноста Младиковини, јави порталот Кликс.

Лекар, на самото место утврдил дека мажот починал како последица на смрзнување и оти нема траги од насилна смрт. 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.