Четвртата џамија по ред ќе се гради во Хрватска

Во Осиек ќе се гради нова џамија, која ќе биде четврта по ред во земјава.

Претставникот на исламската заедница во Осиек, Енвер Речица изјави дека сега претстои најтешкиот дел од работата, а тоа е собирање средства за изградбата, за што се потребни околу три милиони евра.

Ако се обезбедат финансии, изградбата може да започне уште следната година.