Четвртфинални дуели меѓу Арсенал и ЦСКА и Атлетико со Спортинг

По објавувањето на двојките за четвртфиналните двомечи во Лигата на шампионите во петокот во Нион беа формирани и двојките кои ќе се соочат во четвртфиналето од Лига Европа/Европската лига.

Како и при жредбката за најелитното куп натпреварување на континентот, и извлекувањето на двојките во најмасовното европско натпреварување беше отворено и немаше носители.

Интересно е што учесниците во четвртфиналето доаѓаат од осум земји, па не беа можни судири на клубови од иста земја, што често се случува во ова натпреварување.

Ждребот одреди не помалку атрактивни судири, па се очекуваат жестоки соочувања меѓу англиски Арсенал и руска ЦСКА, во ибериското дерби шпански Атлетико Мадрид и португалски Спортинг, потоа следат уште две соседски соочувања меѓу италијански Лацио и австриски РБ Салцбург, како и германски РБ Лајпциг и француски Олимпик Марсеј.

Првите натпревари се закажани за 5-ти април, додека возвратните дуели ќе се одиграат на 12-ти април. Полуфиналињата се одредени за 26-ти април и 3-ти мај, а финалето ќе се одигра на 16-ти мај во Лион.