Четврти балкански економски форум во Бурса

Во турскиот град Бурса денеска ќе се одржи традиционалниот Балкански економски форум, на кој ќе учествуваат претставници од економијата и бизнисот од 12 земји од регионот.

Целта на овој четврти по ред собир е дискусија за актуелните економски проблеми, зајакнување на соработката меѓу бизнис институциите, фирмите и индивидуалните бизнисмени, како и учество во заеднички проекти.

На Форумот покрај поголем број бизисмени, ќе учествуваат и неколкумина министри од економските ресори од земјите во регионот.

Меѓу темите на форумот ќе бидат: „Балканот – како мост за соработка во економијата и бизнисот“ и „Можностите за инвестирање на Балканот“.