Четврти Конгрес на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) денеска во Скопје го одржува четвртиот Конгрес. Со овој Конгрес ККС одбележува и 10 години од своето постоење.

На конгресот треба да донесеме низа документи, програмски активности и резолуции, за кои напорно работевме во изминатите месеци со членовите на Синдикатот. Денес е голем ден за КСС затоа што прославуваме и 10-годишнина од нашето постоење и на тоа ќе дадеме акцент на Конгресот, како и избор на претседател на КСС, изјави Ралповски. Додаде дека како единствен кандидат добил писмена поддршка од сите 11 грански синдикати во составот на КСС.

На отворањето на Конгресот со реферат се обрати почесниот претседател и основач на КСС Дојчин Цветановски, кој се осврна на синдикалниот амбиент во Македонија пред една деценија кога се соочиле со предизвикот  да формираат нова синдикална организација.

КСС до 28 декември 2005 беше желба, оттогаш и до овој конгрес – надеж. Ајде се да направиме, се разбира со тоа што е легитимно и легално, и со моќта што ја имаме, да биде реална сила на новото време, која уште од утре ќе почне континуирано да ги решава заедно со тие што легитимно можат да прифатат, на сите нивоа – од работодавец се до до централната власт, да го дадат тоа што реално можат, а легитимно им припаѓа на работниците во нашата држава, рече Цветановски.

Конфедерацијата на слободни синдикати е основана на Конгрес на 28 декември 2005 од: Самостојниот синдикат за образование, наука и култура, Синдикатот за одбрана и заштита, Синдикатот на финансиските работници и Независниот синдикат на железничарите.