Свет

Четвртина Руси сметаат дека студена војна веќе настапила

Четвртина Руси сметаат дека студена војна веќе настапила

Четвртина од Русите сметаат дека студена војна веќе настапила, а три од десет руски испитаници се на мислење оти би можело да дојде до студена војна меѓу Русија и Западот, покажува анкетата на ТАСС.

Речиси една четвртина анкетирани Русија ги обвинија САД и Европа за враќање во деновите на конфронтација, а еден од петмина испитаници верува дека рускиот претседател и владата би можеле да ги затоплат односите.

Можноста од избивање студена војна расте со текот на времето, сметаат испитаниците.

Анкетата е изработена врз примерок од 16.000 луѓе од 46 руски региони.

На истата тема се огласи и последниот претседател на Советскиот сојуз Михаил Горбачов, кој денеска за ТАСС изјави дека светот гледа знаци на нова студена војна и повика да престане да се крева ограда околу Русија.