Четврто продолжување на 30-дневниот притвор за Чавков, Мукоски и Василевски

Апелациониот суд во Скопје во саботата  им одредил нови 30 дена за неколку пратеници и функционери во МВР, осомничени за настаните од 27-ми прил, што е четврто продолжување  на мерката притвор, при што три одлуки беа од Кривичниот суд, а ова е прва од Апелационит суд

Па така за 13 лица, за 13 лица, меѓу кои поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков, пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски, лица од кабинетот на бившиот претседавач Трајко Вељаноски, од Агенцијата за разузнавање и други, Апелациониот суд одлучил како првостепен орган. Апелациониот суд може три пати по 30 дена

Апелациониот суд дополнително ќе одлучува за оперскиот пејач Игор Дурловски, актерот Владо Јовановски и останатите организатори на протестите на „За заедничка Македонија“ и за други лица на кои им беа ублажени мерките и добија куќен притвор. Во куќен притвор остануваат и пратениците Јохан Тарчуловски, Љубен Арнаудов и Љупчо Димовски.

Апелација отсега е првостепениот орган за жалбите на притворените за насилствата во Собранието на 27-ми април и за истите ќе одлучува Врховниот суд. Отсега ние ќе одлучуваме само за натамошните мерки или укинувања.

Апелациониот суд има право трипати по 30 дена да продолжува притвор, по истекот на првите 90, што ги одредуваше Основниот суд Скопје 1 Скопје. Апелациониот суд Скопје кој минатата недела им ги одби жалбите на осомничените за 27 април, пратеници и функционери од МВР за третата мерка притвор, вчера им одреди нови 30 дена притвор и ова е четврто продолжение на нивниот притвор, со три одлуки од Кривичниот суд и прва од Апелациониот суд.

ВМРО –ДПМНЕ и денеска регираше на одлуките на Судот, Јавното обвинителство и, како што велат, политичкиот прогон на СДСМ.
„Судот и јавното обвинителство мора да престанат да се однесуваат на овој начин кон патриотите. Повеќе не смее да биде одобрено ниту едно барање за притвор без разлика дали ефективен или куќен “, велат од партијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.