Македонија

„Четврток“ на Милчо Манчевски награден во Тексас

„Четврток“ на Милчо Манчевски награден во Тексас

Милчо Манчевски награден за својот краткометражен филм „Четврток“ на УСА фестивалот, кој се одржува во Далас, Тексас.

Во образложението за наградата се вели: „Секоја година, има многу филмови за кои сметаме дека се вредни за признание поради трајниот впечаток што го создаваат, а вашиот филм беше прекрасен пример за тоа“.

– „Четврток“ не беше планиран за награди. Сакав да видам дали можам во 90 секунди да набијам доволно прикаска и емоција да те погоди во стомакот, како во едно добро хаику, изјави Манчевски.

Филмот е снимен во Њујорк минатата година и беше премиерно прикажан на отворањето на Венецискиот филмски фестивал на 28-ми август 2013 меѓу остварувањата на 70 реномирани режисери кои ја означиле историјата на филмска Венеција како Бертолучи, Пол Шредер, Абас Киаростами.

Продуценти на „Четврток“ се Арон Левин и Џералд Херман, кинематографер е Уна Ли,  монтажер Питер Мостерт, а композитор на музиката Игор Василев Новоградска. Во главната улога настапува актерката Лора Ласи.