Четвртото издание на „50 нијанси“ ќе биде објавено на 18-ти јуни

Е.Л. Џејмс авторката на планетарниот книжевен феномен „50 нијанси“ се враќа со ново, четврто продолжение на популарниот еротски серијал.

Новото продолжение, насловено „Grey“ (Сива) ќе биде објавена на 18-ти јуни, соопштува издавачката куќа „Винтиџ букс“ пренесува АП.

Овој пат приказната е раскажана од „машка перспектива“ односно од перспектива на Кристијан Греј, чија жешка романса со младата Анастазија Стил стана опсесија од меѓународни размери.

Британската авторка наведува дека новата книга им е посветена на читателите што ја „молеле, молеле и молеле“ да напише роман во кој главен наратор ќе биде Кристијан.

– Кристојан е комплексен лик и читателите од самиот почеток беа фасцинирани од неговите желби и мотивации, како и од неговото проблематично минато, наведува е Џејмс и додава дека секој што бил во врска знае дека во сечија приказна постојат две страни.

Од издавањето на првиот роман во 2011-та година трилогијата „50 нијанси“ е продадена во повеќе од 125 милиони примероци и ги собори рекордите во продажбата како на печатените така и на електронските изданија. Истоимениот филм, кој беше прикажан на почетокот на годинава, заработи повеќе од 500 милиони долари низ целиот свет.