Магазин

Есен-зима 2017/18 Чевли и чизми кои се „ин“ оваа сезона

Чевли и чизми кои се „ин“ оваа сезона

Есента и зимата оваа сезона ни носат интересни трендови кога станува збор за обувки….

Во морето на нови трендови кои ни се нудат од разни познати производители, понекогаш ни е тешко да одлчиме кои трендови треба да ги следиме, а кои, сепак да ги прескокнеме.

Големите модни куќи веќе излегоа со понуда за есен-зима 2017/18, а ние ви презентираме едни од најинтересните.

Едно е сигурно- превртена кожа, блок-потпетица и криисталите доминираат! Чевлите и чизмите кои ќе се носат оваа сезона се вистински уметнички дела…

Се што сјае и блеска, треба да блеска

Шлокици, сталенца и други сјајни детали и материјали се актуелни оваа есен и зима, и наменети се за сите кои сакаат вакви сјајни модни детали на обувките.

Каубојски чизми

Но, не само чизми, туку и чевли модифицирани во каубојски стил…

Црвени чизми

Црвените чизми се апсолутен хит за есен-зима 2017/18

Бели обувки

Наспроти црвените, доаѓаат обувките во бела боја, како најголем контраст оваа сезона. Со минималистички дизајн и префинети.

Обувки со НЛО потпетици

Овие обувки треба да имаат многу чудни штикли. Инвентивно, инспиративно, за да привлечат внимание.

Халуциногени крзнени чизми

Модернизирана верзија на марсовки, со крзнени апликации во бои на виножитото…

Брендирани обувки

Трендот на брендирани обувки ќе трае и оваа сезона.

Двобојни обувки

Сосема нов тренд! Слични на класичните Chanel биколорни обувки.

Марсовки/Moonboots

Чизми за после скијање, но, за градски улици. Модернизирани и актуелни.

Војнчки чизми

Иако не баш  mortal combat, во секој случај, оваа сезона актуелни се модернизирани војнички чизими

Екстравагантни обувки

Високи чизми

Оваа сезона висината на чизмите достигнува и до препони, на вас останува да одберете… Само небото е граница.

Сатен и свила

Набрани чизми

Ноншалантно, немарно спуштени, набрани чизми од 80-те години се враќаат оваа сезона на голема врата.

Плишани обувки

Доколку сакате да бидете поблску до модните трендови, кои воедно нудат беспрекорен квалитет и удобност, македонското модно студио за изработка на чевли „Шевро“ – Куманово и оваа сезона го даде најдоброто од себе!

Шевро“ – Куманово е веќе прифилирана компанија за производство и продажба на обувки со долгогодишна традиција и присутност на пазарот од 1987 гогина.

Во нејзината пунуда има уникатни и модерни модели на обувки изработени со висококвалитетни материјали и пред се’ со печат на докажан и врвен македонски бренд.

Ова се само дел од колекцијата на „Шевро“ за есен-зима 201718 година: