понеделник, 29 мај 2017  |  Вести денес: 40

Чибишев до Шилегов: Со критики кон власта се правдате пред членството за вашето лично богатење

Поврзани вести

Портпаролот на СДСМ и актуелен пратеник во собранието на Р. Македонија Петре Шилегов своето богатство го зголемил за уште два стана кои што вредат околу 160 илјади евра. За ова денеска на  прес конференција говореше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република  Македонија Андон Чибишев.

Како што можеме да видиме од пишувањата на некои медиуми Петре Шилегов на 17.07.2015 година се стекнал со два стана со големина од 72 метри квадратни и 64 метри квадратни плус помошни простории. Претходно знаеме дека господинот Шилегов поседува семејна куќа од 313 метри квадратни и стан од 86 метри квадратни и два автомобила Мерцедес и Ауди кои вкупно чинат околу половина милион евра. Според медиумите вредноста на овие нови два стана со кои што се стекнале семејството Шилегови е некаде околу 160.000 илјади евра, рече Чибишев.

Чибишев јавно праша како Шилегов се стекнал со толкав имот во вредност од 160.000 евра,  ако се земе во предвид неговата плата во Собрание е во просек околу 1.000 евра месечно.

Тоа значи дека вие треба да работите точно 13 години како пратеник за да можете да соберете пари и да ги купите овие станови. Јавноста како и сега така и претходно очекуваше одговор од вас за потеклото на вашиот имот кој што и не е така скромен , но никогаш тој одговор не го доби, истакна Чибишев.

Тој констатираше дека очигледно Петре Шилегов живее одличен живот во време кога упатува остри критики кон актуелната власт.

Дали господине Шилегов обвинувањата кои ги упатувате секојдневно кон актуелната власт се само прикривање и правдање кон сопственото членство и кон јавноста за вашето лично богатење. Дали вие така го замислувате т.н лошо владеење на ВМРО-ДПМНЕ кога семејниот имот за еден ден го зголемувате за плус два стана кои чинат 160.000 евра. Јавноста чека одговор за потеклото на парите со кои се купени овие два стана, рече Чибишев.

Најчитани вести