Чибишев: СДСМ со очајнички обиди шарениот циркус и беззаконие од улиците да го внесе во Собранието!

И денес продолжува расправата во Собранието по повод поднесената иницијатива за импичмент на претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов.

На денешното продолжение своја реплика кон пратеничката Настеска даде и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Андон Чибишев. Тој истакна дека опозицијата постојано се обидува да внесе безредие и хаос во државата и во Собранието.

И во ова денешно излагање повторно се прави обид од опозцијата, шарениот циркус и и беззаконие од улицата да го внесе на голема врата во Република Македонија. Тој обид, тој шарен циркус да се внесе во Собранието колегите од опозицијата го нарекоа Предлог за покренување на постапка за утвтрдување одговорност на претседателот Ѓорѓе Иванов, посочи Чибишев.

Тој потоа истакна дека никако не смее и не може Уставот да се толкува на повеќе начини, едни закони да важат за едни, а други закони за други односно дека не е дозволено да постојат двојни аршини и нерамноправност меѓу граѓаните. Како што рече тој, токму затоа забелешките кои што беа кажани од страна на пратеничката од СДСМ никако не држат вода и немаат никаква логика.

Колешке Настеска, сето ова што го кажавте јас внимателно го слушав и убеден сум дека не верувате дека е вистина и уште повеќе сум убеден дека не верувате дека тоа е реална ситуација во Република Македонија. Забелешките кои што ги изнесовте од типот дека претседателот Иванов го прекршил Уставот и донел неуставна или незаконска одлука сметам дека апсолутно не ви држат вода затоа што во оваа држава не може Уставот да се толкува за едни на еден начин за други на друг начин. За едни да важат едни закони, за други да важат други закони. За едни да важи едно Јавно обвинителство, за други да важи друго Јавно обвинителство. Затоа сметам и апсолутно сум убеден дека одлуката која што претседателот Иванов во одреден политички момент ја донесе беше клучен момент кој што донесе еден позитивен политички пресврт и испрати силен сигнал во државата и на меѓународната заедница, на сите внатрешни и надворешни чинители, дека во оваа држава има легитимни и одговорони институции кои што можат да се справат со сите политички предизвици кои што во иднина ќе се појават, рече Андон Чибишев.

На крајот, Чибишев ја потсети Настеска дека токму за случајот „ТНТ“ кој што го води СЈО, градоначалникот упатил јавна покана за ТВ дуел до сите страни вклучени во случајот со цел надминување на проблемите, но за жал, никој од повиканите не се појавил на таа емисија освен градоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски.

А за ТНТ само да ве потсетам дека градоначлникот на Општина Гази Баба кој што овде го прзвавте овде од говорница на една дебатна емисија ги повика сите инволвирани во случајот да дојдат и пред камери да го расчистат случајот, меѓутоа се појави само тој, а другите не се појавија, заврши пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Андон Чибишев.