Чибишев: Воведовме трансплатација која е високо оценета од Европската Комисија

Пратеникот од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Андон Чибишев на денешната Интерпелација која ја поднесе СДСМ кон министерот за здравство Никола Тодоров порача до пратениците на СДСМ да не ја манипулираат јавноста бидејќи додека можеле ништо не превземале за подобрување на здравството односно додека биле на власт македонското здравство било на дното.

Чибишев се осврна на  трансплатацијата која што како што спомна 20 години не се вршела за денес таа да биде оживеана и да помага на многу пациенти.

Дискусијата беше крајно тенденциозна помалку и морбидна и од вас како здравствен работник не очекував толку ниско ниво на дискусија. Има многу проблеми во здравството заради кои што можевте министерот да го критикувате и да барате од него објаснување. А вие овде зборувате за погребални фирми. Каква врска имаат погребалните фирми дали болничарите викале една или друга погребална фирма. Го критикувате за трансплатација додека Европската Комисија највисоко го оцени делот за трансплатација во македонското здравство. Препрочитајте си го делот од извештајот ќе видите дека Македонија е на осмо место во Европа за трансплатација. Дваесет години немаше трансплатација во Македонија и еве ние ја оживеавме и со тоа им олеснивме и на пациентите и на семејствата.

Пратеникот Чибишев исто така ги спомена и цитостатиците кои што како што напомена дека никогаш како денес ниту имало цитостатици ниту пак биле ефтини.

За цитостатици, тоа е најорганизираниот дел во македонското здравство. Не ви требаше тоа да го спомнувате. Знаете ли дека сега функционираат три акцелератори. Во 2003 година имаше еден и тој не работеше цела година. Значи ако некогаш имало цитостатици, ако некогаш биле ефтини цитостатиците, тоа е сега.