Чичаковски по примерот на Заев: Рече па порече!

Чичаковски по примерот на Заев. По урнек на партискиот лидер Зоран Заев, претседателот на ДИК, Александар Чичаковски, дава спротивни изјави демантирајќи се самиот себеси, пишува „Курир“.

Како што е познато, пред комесарот Хан тој во име на ДИК потврдил дека Државната изборна комисија е подготвена да ги преземе сите активности за прочистување на избирачкиот список и спроведување на фер и демократски избори.

За ова тврдење на ДИК, еврокоемсарот Хан ги информираше сите вклучени во преговорите и медиумите.

johanes-han-przino-640x443

Во четвртокот имав контакт со директорот на ОДИХР, господин Линк и со генералниот секретар на ОБСЕ. И двајцата ми потврдија дека доколку сите  во државата се посветени ќе биде возможно да се спроведат фер, транспарентни и демократски избори, според нашите европски и меѓународни стандарди. На секој начин на кој европските институции, ОБСЕ, ОДИХР, Европската комисија… можат да помогнат да се направи, тие ќе бидат таму и јас повторно ќе дојдам. Но сега останува политичките партии да донесат одлуки. Јас само можам поттикнам сите да партиципираат на изборите, рече еврокомесарот Хан.

Чичаковски: Нема време за прочистување на избирачкиот список

Само два дена подоцна, Чичаковски, по урнек на неговиот партиски лидер, дава сосема поинаква изјава која е спротивна на неговите претходни тврдења.

Тој за да ги одбрани тезите на неговиот партиски лидер Зоран Зев, дека треба да се одолговлекува процесот за СДСМ да не се соочи со граѓаните на избори, дава изјава во која вели дека избирачкиот список не може да се прочисти до 24 април.

Во овој краток рок проверката на Избирачкиот список може да биде импровизација и со таква постапка ние нема да добиеме кредибилни избори, истакнува Чичаковски.

Чичаковски денеска срамно настапи надвор од своите службени овластувања кои ги има. Тој настапува во свое лично име и во име на лидерот на неговата партија, а не претставувајќи ја Државната изборна комисија.