Чичарито и Торес не се дел од планот на Тохир

Сопственикот на италијанскиот калчо гигант Интер, познатиот бизнисмен од Индонезија како неточни ги дефинираше последните шпекулации пласирани од италијанските медиуми дека првиот човек на “нероазурите” веќе седнал на преговарачката маса со агентот на мексиканскиот интернационалец од редовите на Манчестер Ј., Хавиер Ернандез и со агентот на напаѓачот на Челзи, Фернандо Торес.

“Целата ситуација околу интер детално ќе биде анализирана на крајот од актуелната сезона. Ќе биде анализиран ефектот на помладите и на поискусните фудбалери. Ќе видиме кој ќе остане на “Џузепе Меаца”, а кој ќе биде продаден. Јас сакам да изградам еден силен тим, јас сакам тим за повеќе сезони, за три сезони, а не да имам тим  за само една сезона. Хернандез е одличен фудбалер имам позитивно мислење за неговите квалитети, но не сум остварил контакт со неговиот агент, а истото важи и за Фернандо Торес”, изјави Тохир.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.