Чичарито нема добиено понуда од Интер

Агентот на мексиканскиот интернационалец од редовите на Манчестер Јунајтед, Хавиер „Чичарито“ Ернандез откри дека неговиот клиент нема добиено некаква понуда од италијанскиот калчо гигант Интер.

„Станува збор за чиста шпекулација. Јас немам таква информација дека имало некаков состанок помеѓу раководните лица на Манчестер Јунајтед и на Интер. Нема никаква понуда за мојот клиент. Истото важи и за останатите шпекулации околу иднината на Чичарито. Мојот клиент нема добиено некаква официјална понуда од Интер или од некој друг клуб. Јас пред да дадам некаква официјална изјава морам прво да разговарам со челниците на Манчестер Јунајтед. Хавиер е фудбалер на Манчестер Јунајтед, Хавиер има договор со Манчестер Јјунајтед. Јас не сум договорил и немам во план некаков состанок со клупските челници,“ изјави агентот на мексиканскиот интернационалец.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.