Чичарито од Манчестер се сели во Милано

Новиот сопственик на италијанскиот калчо гигант Интер, индонезискиот бизнисмен Ерик Тохир е на добар пат да ги осигура услугите на мексиканскиот интернационалец од редовите на англсикиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, Хавиер Хернандез Чичарито.
Фудбалските медиуми на Апенинскиот полуостров ја пласираа информацијата дека Тохир постигнал договор со малдиот напаѓач околу личните побарувања, а во следните неколку дена ќе има работен состанок со раководните лица на Манчестер Јунајтед.
Репрезентативецот на Мексико треба да потпише 3-годишен договор со “нероазурите”, а истиот му гарантира статус на стандарден првотимец и му гарантира годишна заработувачка од 2.5 мил. евра.
Кога е во прашање обештетувањето за брзоногиот напаѓач на “црвените ѓаволи”, истото нема да биде поголемо од 15 мил. евра.