Чичек: Турските компании заинтересирани за инвестирање во Македонија

Претседателот на Големото Национално собрание на Република Турција, Џемил Чичек, кој на покана на претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски  престојува во официјална посета на земјава, најави заинтересираност на турските компании за отворање и стопанисување со голема економска зона во Гевгелија.

Турските бизнисмени во Македонија, според него, се насочени кон тоа македонско-турската деловна соработка да се издигне на уште повисоко ниво.

– Уверени сме во тоа дека таа трговска размена во најкраток можен рок ќе достигне една милијарда долари. Ние ги поттикнуваме нашите деловни луѓе да инвестираат и таа екононска и трговска соработка да се развие уште повеќе, рече Чичек.

Вељаноски истакна дека турската етничка заедница кај нас со својата општествена и економска активност дава голем придонес во равојот на Македонија како нивна татковина.

Во рамки на посетата, високиот гостин ќе биде примен и од претседателот Ѓорге Иванов.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.