Чичко прободел внук во Боговиње

Дваесет годишниот Н.И. од тетовско Боговиње вчера бил прободен со нож од страна на неговиот чичко.

Семејната драма се случила вчера утрината кога во сопствената куќа, при меѓусебна расправија, чичкото го прободел внукот во десната надколеница.

Момчето е пренесен во Клиничка болница Тетово, а чичкото е приведен во полициска станица Камењане.

Од МВР информираат дека по целосно расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.