Чифлиганец: Тоа што е добро во градежниот сектор треба да се задржи, а во соработка со институциите проблемите да се решаваат

Само со заедничка соработка меѓу бизнисот, Владата, Собранието и општините, може да се надминат присутните слабости во градежништвото како важен сектор за македонската економија, рече во петокот Ванчо Чифлиганец, генерален директор компанијата „Адора инженеринг” на седницата на Здружението на градежништво при Стопанската комора на Македонија, на првата средба со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Според овој успешен стопанственик и реномиран чинител на македонскиот градежен сектор, постојат повеќе прашања за кои треба отворено да се разговара и притоа истакна дека бизнисот мора да учествува во носењето на одлуките.

Sredba vo Stopanska komora

„Приказната во градежништвото не е завршена, таа ќе продолжи да се развива. Градежниот сектор е моторот на македонската економија и овој тренд треба да продоложи. Тоа што е добро во градежниот сектор треба да се задржи, а проблемите да се решаваат. Само со заедничка соработка меѓу бизнисот, Владата, Собранието и општините, може да се надминат присутните слабости во овој важен сектор за македонската економија. Има повеќе прашања за кои треба отворено да се разговара. Надминувањето на слабостите во Законот за градење и Законот за јавни набавки се најважни за домашните компании. Проблемите со кои се соочуваме ние градежните компании и забелешките што ги имаме, треба да ги доставиме до коморите и здруженијата на усогласување, по што тие треба да се испратат до Министерството за транспорт и врски. Бизнисот мора да учествува во носењето на законските и подзаконските решенија, од идејата до нивното изгласување во собраниските комисии и во надзорот при нивното спроведување во практиката. Неопходни се и измени на Законот за јавни набавки со кои домашните инвеститори ќе бидат рамноправни со странските компании, ќе имаат еднаков третман на тендерите. Не може градежна фирма без ниту еден вработен да опстојува на пазарот и да добива тендер, тоа е надвор од секаква професионална логика”, изјави проф. д-р. Ванчо Чифлиганец, генерален директор на „Адора инженеринг”.

На првата седница на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни матријали и неметали при Стопанската комора на Македонија со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, бизнисмените отворено дискутираа за проблемите во градежниот сектор. Министерот Сугарески порача дека компаниите ќе имаат отворен пристап во министерството за сите идеи, размислувања и сугестии, со цел унапредување на бизнис климата и условите за работа на домашните компании.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.