Чифлиганец: Во Скопје се гради квалитетно, граѓаните може мирно да спијат

Силниот земјотрес  што се случи во неделата, со магнитуда од од 5,3 степени, па и серијата помали потреси во деновите потоа, скопјани не ги остав рамнодушни. Граѓаните деновиве се вознемирени во очекување на евентуално нов земјотрес, иако надлежните, особено од сеизмолошката обсерваторија и од ИЗИИС, постојано смируваат дека нема потреба од панично однесување и дека, најбитно, градбите во Скопје, особено тие кои се изградени по земјотресот па наваму, се безбедни и дека при потреси во вакви амплитуди и нешто поголеми, нема да се урнат.

Факт е дека Македонија е сеизмичко активно подрачје, но може да се забележи дека и по посиниот земјотрес што се случи во неделата, нема значително оштетувње на зградите. Пријавените штети покажуват дека се работи за паднати делови на фасади, испукнатини на ѕидови, искршени оџаци…
За тоа колку безбедни новоградбите при вакви вонредни околности, зборувавме со д-р Ванчо Чифлиганец, генералниот директор на престижната градежната компанија „Адора Инженеринг“.

„Лично како човек од овој сектор и експер по геолошки науки, можам да кажам дека во Македонија и во Скопје после ’63 година се гради квалитетно и безбедно. Градбите се стабилни и цврсти.  Најбитно за една градба е локацијата. Се прават ископи, се набљудува јамата дали има расцепи, дали има движења… Се вршат геомеханички испитувања под тлото на зградата, лабораторски испитувања… Адора  има изградено 40 згради, и ниту еден стан по земјотресот нема пукнатини. Ставаме дополнително повеќе армирано беонска темелна плоча, од 90см  до 1м.60см дебелина. Ги избегнуваме тие диференцијални индивдуални потреси што можат да удрат на едно место“, вели Чифлиганец.

Како што посочува, најважно нешто што градбите ги прави безбедни при вакви и посилни потреси е тоа се гради на армирано бетонска плоча, бидејќи се ублажува првобитниот удар се пренесува понатаму рамноправно. Главно за стабилноста на една зграда е конструктивнит дел –  армирано бетонските греди, плочите, платната и столбовите. Ако се применуват сите законски прописи, безбедноста е загарантирана.

„Ние ставаме и по 124 килограми железо по кубен метар, а тоа е и 15 отсто над пропишанте прописи. ИСЗИИ во последните три години има исклучително право да го контролира елаборратот. Адора има направено и тест за вештачки земјотрес на објект, по меркалиева сеизмичка скала на околу 6 степени.

Но, не е само конструктвниот дел кој е носечки, треба да се внимава кога се прават и преградите. Може да се има и најдобар проект и експерт, но најбитно е да се вгарди прописно бетонот и железото. Потребен е голем надзор.

Градежништвото е одговрна работа и милсам дека нема небезбедна зграда во Скопје. Граѓаните не треба да бидат возменирени. Јас за моите згради, можам да кажам дека мирно спијам“, вели Чифлиганец.

Во продолжение погледнете го разговорот со д-р Ванчо Чифлиганец: