Чигрински: Ибрахимовиќ беше кошмар за Чави и Ињеста

Поранешниот фудбалер на каталонскиот гигант Барселона, Дмитро Чигрински откри неколку пикантерии околу контроверзниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ кој не бил омилена личност помеѓу останатите фудбалери на Барса во периодот додека престојувал на “Ноу Камп”. 

“Искрено, не сум сретнал дриг фудбалер со таков силен, моќен карактер. Многу луѓе, многу фудбалери беа против Ибрахимовиќ, не го сакаа. Ибра не се замараше со тој податок, мислеше само на фудбалската игра. Еднаш ми кажа дека се чуствува како Господ кога ги стартува фудбалските натпревари. Постојано водеше вербална војна со Чави Хернандез и со Андрес Ињеста. Еднаш Чави го нарече кловн. Ми се налути поради лошото додавање. Го праша какво е тоа додавање, кловновско. Нема да кажам дека Ибра е најдобриот фудбалер на целиот свер, но е фантастична личност. Неговиот карактер е проблем за секој тренер, но според мене, Ибра беше најдобриот фудбалер на Барселона”, изјави Чигрински.