Чија е вината што наставница во „11-ти Октомври“ неколку месеци се без плата?

Советниците од СДСМ во општината Центар ја кочат работата на училиштата на нејзина територија. Имено, на денешната 26-та седница по барање на предлагачот од дневниот ред беа повлечени точките за усвојување на Програмата за работа на ООУ „11 Октомври“, како и Програмата за изведување на ученичките екскурзии и други слободни кативности на истото училиште, пишува „Курир“.

Групата советници од СДСМ гласаа „против“ или „воздржано“ и за Програмата за работа на ООУ „Димитар Миладинов“, поради што предлог одлуката не беше донесена, па учениците од ова училиште нема да можат да ги реализираат своите слободни активности и екскурзиите, а  под знак прашалник е ставено и нормалното функцирање, односно реализирање на програмата за работа за учебната 2014/2015 година во ова училиште.

Иако за време на дискусиите за точките за сите други општински основни училишта, имаше претставници од училиштата, како и од училиштето „11.Октомври“, токму пред да биде разгледана точката за Програмата за работа на ООУ „11.Октомври“, присутните претставници од посоченото училиште, односно педагог и психолог, ја напуштија седницата, по што точките кои се однесуваат за ова училиште беа повлечени од дневниот ред од страна на предлагачот, односно градоначалникот на општината.

И покрај тоа што училиштето „11.Октомври“ се наоѓа во незавидна ситуација, на денешната седница од страна на советниците од СДСМ не беше дозволено дискутирање на посочените точки.

Истите беа повлечени од дневниот ред иако советниците од ВМРО-ДПМНЕ во општина Центар инсистираат точките да бидат разгледани во рамки на оваа седница,  потенцирајќи дека доколку точките се повлечат се пробиваат сите законски рокови за донесување на програмата за работота, како и програмата за екскуризии и други слободни активности.

Да појасниме, училиштето „11.Октомври“ нема директор уште од првиот училишен ден во учебната 2014/2015 година, последната плата која им била исплатена на наставниците била за месец јули, сметките на оваа образовна институција се блокирани со што се закочени сите административни работи, а една третина од наставниците не се вработени, бидејќи нема директор кој ќе ги потпише нивните договори за работа.

Но, и покрај тоа на советниците од СДСМ не им беше важно тоа што училиштето е во тотален хаос и на ваков начин не може да функционира, и едноставно не сакаа ни да дискутираат за проблемите со кој се соочува ова училиште, а уште помалку да ги решат, со образложение дека претставниците од истото училиште не се присутни на седницата.

Од страна на градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновсни, во чии раце е судбината на улилиштето и ги има сите ингеренции да го прекине хаосот со кој се соочуваат учениците и наставниците, пак, било издадено решение за назначување на директор кој не ги исполнува законските услови, односно не е од редовите на училиштето „11.Октомври“.

Според ова, одговорноста за ова во целост ја има општината Центар, а причина за незавидната ситуација во која се наоѓа ова училиште, како што уште еднаш беше докажано е несоодветната комуникација на реалција градоначалник-советник во општината.