Чикаго Блекхокс е нов шампион во НХЛ лигата

Екипата на Чикаго Блекхокс ја освои третата шампионска титула во НХЛ во последните шест сезони откако ја доби финалната серија против Тампа Беј Лајтнинг со 4:2.

Во шестиот, последен меч, тимот од Илионис ноќеска победи со 2:0 и првпат по 1938 година ја прослави титулата на домашен терен. Вкупно, тоа е шести трофеј за Чикаго во историјата на клубот.

Стрелци на ноќешниот меч беа Данкан Кит во 37-та и Патрик Кејн во 55-та минута. За Кит, тоа беше трет гол во овогодишниот плеј-оф, но забележа уште 17 асистенции и сосема заслужено ја доби наградата “Кон Смајт” наменета за најдобриот играч во разигрувањето за титулата. Колку беше неизвесно финалето, најдобро зборува податокот дека по голот на Кејн, првпат во финалната серија една од екипите имаше предност од два гола. Ефикасноста во ова финалето беше доста слаба, па Чикаго ги доби шесте натпревари со вкупни 13:10.

Инаку, Блекхокс од 2009 година се сурови во плеј офот. Од вкупно 20 одлучувачки натпревари, освоија дури девет.

Извор: Спортмедиа