Чикаго сака да стане Градот на светлината

Чикаго да се претвори во градот на светлината на Северна Америка и така до 2020 година да успее да привлече 55 милиони туристи годишно. Овој голем план го објави управата на градот, пренесуваат локалните медиуми.

Целта на Градското собрание е да ги направи знаменитостите на градот уште повеќе привлечни за неговите посетители, да ги осветли, но не со обично осветлување, а преку различни ефекти да се постигнат дури и три-димензионални светлосни спектакли.

За таа цел ќе биде распишан меѓународен конкурс, во кој се поканети да се вклучат тимови од уметници, архитекти и инженери, да ги достават своите планови како по – најсоодветен начин да бидат претставени и осветлени зградите парковите, патиштата и отворените простори во градот. Проектот нема да го опфати само центарот на градот, туку и неговата околина.

„Целта ни е да претвориме ноќите во Чикаго во вистинска авантура. Ова ќе не направи градот на светлината во Северна Америка. Луѓето ќе доаѓаат од далеку и ќе уживаат во нашите творби“, истакнал градоначалникот на Чикаго, Рам Емануел.