Чиле и Перу ги повлекоа амбасадорите од Израел

Чиле и Перу ги повикаа „на консултации“ своите амбасадори во Израел поради продолжувањето на израелската воена акција во Појасот Газа.

Чиле ја оценува операцијата како „колективна казна против мирното население на Газа“, се наведува во соопштение на Министерството за надворешни работи во Сантијаго.

– Операцијата не ги почитува основните норми на меѓународното хуманитарно право, како што покажуваат над илјада цивилни жртви, меѓу кои жени и деца, како и нападите врз болници и училишта – оцени Кабинетот на чилеанската претседателка Мишел Бачелет.

Перу, исто така, изрази длабоко жалење поради прекинот на примирјето и продолжувањето на израелската воена операција во Појасот Газа.