Чиле си поигра со Австралија

Вториот натпревар од првото коло во групата “Б”, дуелот помеѓу репрезентациите на Чиле и Австралија, сосема очекувано заврши со сигурен триумф на преставникот на Јужна Америка од 3:1.

Во 12 минута, Чиле дојде до посакуваното водство со погодокот на крилниот напаѓач на Барселона, Алексис Санчез, а само две минути подоцна во листата на стрелци се запиша Жорге Валдивија.

Почесниот погодок за Австралија беше дело на искусниот играч за врска, Тим Кајхил, а во самиот финиш од натпреварот во листата на стрелци се запиша и Жан Бесажур.
Во групата “Б”, Холандија и Чиле имаат освоено по три бода, а без бодови се репрезентациите на Шпанија и Австралија.