Чиле во одби да ја елиминира Шпанија

Дуелот против секогаш незгодниот тим на Чиле лесно може да се покаже како крај на шпанската доминација во фудбалскиот свет.

После срамниот пораз од Холандија, актуелниот светски и европски шампион, нема друга опција на располагање, мора по секоја цена, како знае и умее, да забележи позитивен резултат во дуелот со претставникот на Јужна Америка.

Избраниците на Винсенте дел Боске ќе имаат пред себе еден максимално незгоден противник, тим кој без многу мака забележа сигурен триумф од 3:1 во дуелот против Австралија и тим во кој главниот збор го имаат светски познатите ѕвезди од редовите на Јувентус и Барселона, Артуро Видал и Алексис Санчез.

За разлика од тие на Шпанија, репрезентативците на Чиле ќе бидат пресреќни ако меѓусебниот дуел против големиот фаворит заврши без победник.

„Да, бев многу загрижен после натпреварот против Холандија, но не и сега. Сега главите се горе, но потребно е време за да ги заборавиме сите фрустрации. Веќе немам никаква дилема кога е во прашање почетниот состав, но нема да го откријам. Сакам сите да бидат возбудени, да бидат максимално мотивирани пред дуелот против Чиле”, изјави селекторот на Шпанија, Винсенте дел Боске.

Дуелот помеѓу Шпанија и Чиле стартува во 21:00 часот.