Чилеански навивачи упаднаа во прес центарот на Маракана

Чилеанската фудбалска репрезентација ја мина групната фаза на Светското првенство во Бразил, откако славеше и на вториот натпревар против Шпанија. Но, овој успех на Чилеанците нема да го паметат по добро околу 85 нивни навивачи. Тие бера уапсени откако упаднаа во прес центарот по натпреварот Шпанија на Маракана во Рио де Жанеиро.

Навивачите биле без потребните пропусници за влез во пресцентарот и во моментот на влегување го искршиле мебелот. “ Каде е влезот “, викале на цел глас пред претставниците на медиумите.

Обезбедувањето на стадионот веднаш ги спречи, а полицијата ги уапси и за неколку минути се беше ставено под контрола. Во овој инциден имало само петмина полесно повредени, а организаторите на Мундијалот го осудија инцидентот и најавија дека ќе бидат преземени соодветни мерки.

Претходно беа уапсени и околу 30. Аргентинци кои се обидоа да влезат без билет на натпреварот против Босна и Херцеговина.

“Безбедноста е приоритет број еден за нас”, изјави потпаролот на Организациониот комитет Сент – Клер Милеси.