петок, 25 ноември 2016  |  Вести денес: 63

Чилиманов: Ако беше неопходно да се објават илегално набавени телефонски разговори, тогаш легитимно е да се објави снимката на Катица

И после ние ВМРОвците сме биле глупи. Ало бе, Црпко и Катица ви се лице на една од двете водечки политички опции!! Ништо не може да ве испере од оваа брука. Приберете се, или нека дојдат тие што ве пуштиле од ланец да ве приберат. Моронштино една, пишува новинарот Чилиманов.

cvetin-chilimanov-11

Последни вести

Новинарот Цветин Чилиманов преку социјалната мрежа Фејсбук им се обрати на како што вели колегите кои се обидуваат да ја бранат Катица Јанева. Според него ако било неопходно да се објават илегално набавени телефонски разговори на колеги новинари со тотално приватна содржина, за меѓу два дебели слоја приватни муабети да се подметне некое парче кое укажува на координирање при подготовката на вестите, тогаш е апсолутно легитимно да се објави снимката на Катица

-До малубројните колеги кои нешто се обидуваат да ја бранат Катица од фијаското што и се случи (Мухи, Саки, Кате, Кабранов чат пат)… Дај не се правете будали. Ако беше неопходно да се објават илегално набавени телефонски разговори на колеги новинари со тотално приватна содржина, за меѓу два дебели слоја приватни муабети да се подметне некое парче кое укажува на координирање при подготовката на вестите, тогаш е апсолутно легитимно да се објави снимката на Катица. На снимката се покажува дека еден од најзначајните ликови во политичката криза во моментов е тотална покондирана тиква, празна форма без содржина, дека е бетер од анонимус, она е едно големо ништо. Лејка. Лејка која е поставена на позиција да носи клучни одлуки од кои зависи безбедноста на државата. Тоа е застрашувачки. Не е проблем што читала. Не е проблем ни што не може да го прочита тоа што и го напишале. Проблемот е – кој е тој што го пишува текстот за оваа несмасно облечена и искезена марионета? Жена која од некоја амбасада или штаб веројатно треба постојано да и се јавуваат да ја потсетат да вдише и издише, бидејќи не ми остава впечаток дека има ментален капацитет дури и за неволни вегетативни постапки. Дополнително, снимката мораше да се објави за да се покаже начинот на кој функционира уредувачката политика на МРТВ под новото раководство. МРТВ е веројатно единствена телевизија која има значително назадување во извештаите од април и од септември. МРТВ е оставена како прилично балансирана, иако досадна телевизија (според извештајот на АВМУ од април), а сега е телевизија која под новата упарва веднаш почна да натежнува на една страна, и буквално на првиот посериозен проект излета тотално од шини нанесувајќи траен срам за сите вклучени во оваа операција. Телевизијата дозволила да се вклучи во обид за лажно претставување на едно ништавило од човек како некаква величина и фактор во државата. Во обид да се прикрие сознанието дека врвен функционер буквално појма нема што прави! Не може со свои зборови во 35 минути да објасни со што се занимава нејзината институција и што бара од други институции, и од тие 35 минути не можат да се извадат ниту 10 кохерентни минути!!
И после ние ВМРОвците сме биле глупи. Ало бе, Црпко и Катица ви се лице на една од двете водечки политички опции!! Ништо не може да ве испере од оваа брука. Приберете се, или нека дојдат тие што ве пуштиле од ланец да ве приберат. Моронштино една, пишува новинарот Чилиманов.

Најчитани вести