Македонија

Чилиманов до опозицијата: Брзај, брзај пратениче!

Чилиманов до опозицијата: Брзај, брзај пратениче!

Брзај, брзај пратениче! Учениците седнаа во ученичките, а пратениците од опозицијата во собраниските клупи. Новинарот Цветин Чилиманов на својот Фејсбук профил на хумористичен начин им се обрати на пратениците од СДСМ кои денес по 15 месеци пауза се враќаат во собраниските клупи.

Чилиманов со преработка на песничката која вообичаено е наменета за првачињата, им порача на опозиционерите дека треба да седнат на пратеничките клупи и конечно да ги заработат парите што ги земаа иако во последните 15 месеци воопшто не се појавија на работното место.

Исто така, Чилиманов потсетува како пратениците на Заев изминатиов период наместо да ја работат својата работа беа концентрирани на водење на партиска битка во име на својот лидер.

Еве што им порача:

Чилиманов до опозицијата: Брзај, брзај пратениче!
Чилиманов до опозицијата: <strong>Брзај, брзај пратениче</strong>!

Брзај брзај пратениче

Во собранискиот двор

Те чека Вељаноски

Со татковски збор

 

Доста распуст тераше

Без усул и крај

Дневницата да ја заработи

Секој мора знај

 

Кампуваше летово

На јахта се вдена

Петарди си пукаше

Четириесет дена

 

Но, секој распуст летен

Ќе заврши еднаш

Комесарот те вика

На работа веднаш

 

Не грижи се другарче

Кратко ќе ти трае

После април што ќе правиш

Еден Господ знае

Педесет милиони денари за плати за опозициските пратеници

За потсетување, од државната каса во последните 15 месеци биле одвоени 50 милиони денари за плати за пратениците на СДСМ.

Педесет милиони денари за плати за опозициските пратеници
Педесет милиони денари за плати за опозициските пратеници

Секој пратеник за неработење, односно недоаѓање на работното место во Парламент, државата ја чинел 96.920 денари секој месец, а граѓаните кои гласале за опозиционерите воопшто немаа свои претставници во Законодавниот дом.