вторник, 25 јули 2017  |  Вести денес: 14

Чилиманов со докази го потврди кажаното за „Проект-ЕУ“ Кавадарци

cvetin-chilimanov-11

Поврзани вести

Здружението „Проект-ЕУ“ од Кавадарци денес ги негира изјавите на Цветин Чилиманов од граѓанската организација „Стоп операција Сорос“ дека здружението земало огромен износ на парични средства од Сорос за спроведување на протест, односно „една од нивните задачи е да се изборат децата да не учат математика“. Дека за она што го говори има и докази, Чилиманов потврди преку социјалните мрежи.

cvetin-fb

-Човеков ми бара извинување затоа што сум рекол дека е партиски војник на СДСМ кој организирал протести против математика. Изгледа дека има нешто и против логиката, пишува Чилиманов на Фејсбук.

Тој воедно објави и фотографии на кои се гледа дека токму здружението од Кавадарци учествувало и организирало протести против математиката, иако претседателот на истото Ненад Јовановиќ тоа го негира.

proekt eu fbproekt eu fb2

Фотографиите кои здружението си ги објавило на социјалната мрежа се со датум од 17 март 2015 година, но очигледно Јовановиќ заборавил на истите.
proekt eu fb1

Јовановиќ за свои ги смета СОРОС и очигледно СДСМ, па преку социјалните мрежи навива тие да дојдат на власт за како што вели „на луѓе да заличиме“.

nenad jovanovik

Најчитани вести