Чилиманов: Героски ќе напише, па Заев излегува да каже

Бранко Героски ќе му напише, па Заев излегува да каже, брука, им се смеат позади грб, вицови кажуваат на негова сметка. Ова го потенцира новинарот Цветин Чилиманов при гостувањето во емисијата „Јади Бурек“ на Сител 3.

-Два часа пред прес-конференцијата на Заев, Героски постира, „мислам дека СДСМ треба да одржи прес-конференција на која жестоко ќе реагира и ќе го најави своето отсуство на продолжување на преговорите на 10-ти јуни во Брисел“. И сега, два часа потоа, Заев излегува на прес конференција и кажува истото тоа што Героски ќе го напише. Потоа, по прес-конференцијата на Заев, Героски вика тоа е тоа. Браво друже Заев, кај ти текна, кој ти го кажа ова, вели Чилиманов.

Чилиманов додава дека греота е лидер на СДСМ, втора најголема партија отворено вака да му кажуваат што да прави и да излезе што да каже.

– Героски да ти ја води партијата да ти кажува што да прави. На пет минути го менуваат ставот, вели Чилиманов.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.