Чилиманов: По вчерашната изјава од Израел, на Заев бомбата му пукна во рака

По вчерашната изјава од Израел дека Заев бил во обична куртоазна посета, бомбата му пукна во рака. Ова го посочува новинарот Цветин Чилиманов, пренесува „Курир“.

Во време на неговата, како што самиот крајно неодговорно ја нарече, бомбашка кампања, Заев се обиде драматично да ги наруши односите меѓу Македонија и неколку наши стратегиски партнери, како Кина и Израел, вели Чилиманов.

Кина и Израел порачаа дека немало никаков криминал

Ваквиот став на Чилиманов доаѓа откако опозицискиот лидер синоќа повторно беше разокриен за лагите искажани во јавноста по средбата со израелскиот министер за внатрешни работи.

Првин Кина, а сега и Израел, јасно порачаа дека немало никаков криминал во крајно чувствителните проекти за соработка кои овие земји ги имаат со Македонија, а кои Заев на неверојатно неодговорен начин лажно ги претставуваше во јавноста. Заев јавно откри и се обиде лажно да претстави детали за безбедносната соработка на Македонија и Израел, во период кога двете земји се соочуваат со исклучително сериозни безбедносни закани, и тоа без никаква реална цел – единствено за своја лична политичка себепромоција, вели Чилиманов.

На Заев бомбата му пукна во рака

Новинарот додава дека обидот на Заев да продолжи со промовирање на лажните приказни кои ги монтира врз основа на илегално прибавените снимки со посетата на Израел покажуваат дека ништо не научил во изминатиов период, во кој и македонската јавност, преку анкетите и масовните граѓански собири, јасно му покажа што мисли за неговата кампања за дестабилизирање на Македонија.

По вчерашната изјава од Израел дека Заев бил во обична куртоазна посета, на која не се разговарало за никакви безбедносни или финансиски прашања, која е директно спротивна на изјавата на Заев, да се употребам со неговиот детски неодговорен речник, оваа бомба буквално му пукна во рака, вели Чилиманов.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.