Македонија

Чилиманов: Луѓето пред Влада жалат за Југославија, а Македонија не ја прифаќаат за своја држава

Чилиманов: Луѓето пред Влада жалат за Југославија, а Македонија не ја прифаќаат за своја држава

Новинарот Цветин Чилиманов смета дека камперите пред Влада ја немаат прифатено Македонија како своја држава.

Тој во говорот пред Чуварите на демократијата подвлече дека е јасно и од денешните настани, од протестот кој СДСМ го организираше, дека се обидуваат да испровоцираат инцидент, со снимките се обидуваат да ги зовријат страстите и да направат конфликт помеѓу Македонците, меѓу Македонците и Албанците.

-Затоа ми е драго што тука на овој смирен и културен начин изразувате поддршка пред се кон опстојување на редот и владеењето на правото во оваа држава, а тоа е нешто за кое што верувам дека и полицајците кои беа во Куманово ги дадоа своите животи, подвлече тој.

Чилиманов истакна дека на сите не чуди што е тоа што луѓето од другиот камп се обидуваат да постигнат. Тој смета дека се работи за Југословени, за луѓе кои не прежалиле за држава која веќе ја нема.

-Држава во која што нивните татковци, баби и дедовци ги уживале сите привилегии, биле на сите функции, во администрација, Влада, дипломатија, кои мора да се признае дека се најпрошетани, имаат најмногу контакти во странство, знаат да комуницираат со меѓународниот свет, полагаат монопол на вистината за Македонија која што излегува надвор. Но, факт е дека не успеаја да најдат формула, државата да успее да просперира и да обезбеди иднина за народот кој што живее во неа, истакна Чилиманов.

Тој додаде дека тие не ја прифатиле Македонија како своја држава и додаде дека тоа се деца на минатиот режим, каде уживале привилегии и им дека единствен начин да ја прифатат оваа држава е ако повторна бидат на власт.

-И покрај тоа секогаш кога им била дадена шанса да покажат што знаат да направат за Македонија, катастрофално не успеале во тоа. И имаат секаква причина да ја наведнат главата од срам, додаде тој.

Десницата во Македонија и покрај сите критики кои секојдневно ги прима, таа има право гордо да чекори по улица.

-Тоа што го има направено десницата за Македонија е не споредливо со учинокот на левицата. Ако почнеме по ред да ги набројуваме достигнувањата на ВМРО-ДПМНЕ во изминативе години пред се можеме да зборуваме за достигнувања кои се апсолутно во согласност со европските и западните цивилизациски дострели. За една работа беше вложен огромен труд а тоа е Македонија да се отвори кон Европа, подвлече тој и додаде дека во овој период се укина визниот режим, инвестираа западни компании, се дуплирала размената со нив…

А оние кои апсолутно ништо не направиле на тоа поле, додаде Чилиманов си земаат за право да кажат дека тие се европската опција.

-Затоа сакам да упатам еден порака до поддржуваните  на ВМРО-ДПМНЕ да не дозволиме да продолжат да не обвинуваат лажно, да не преставуваат дека сме анти-цивилизациски дека сме анти-европска и анти-западна опција. Јасно е дека СДСМ освен обидите да предизвикаат меѓуетнички и конфликт меѓу Македонците е да се обидат да предизвикаат поделба ВМРО-ДПМНЕ и меѓународна заедница. Со сите сили се обидуваат да ги излажат и манипулираат странските дипломати, да ја прикажат Македонија како држава во која нема демократија , заклучи Чилиманов.

Тоа им успева само кај радикали и политичари кои немале големо влијание во Европа.