Чилиманов: На Бејли и на неговите соработници јасно им е дека згрешиле (ВИДЕО)

Посетата на  заменик-помошникот на државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД, Хојт Брајан Ји, може да претствува почеток на крајот, оценува новинарот Цветин Чилиманов, дел од иницијата „Стоп операција Сорос“, во политичкиот магазин „Кворум“ на Радио слободна Маедонија (РСМ) во разговорот со новинарката Бојана Димитријевска,  и истакна дека она што го прават тие како иницијатива добива голема поддршка и во американскиот Сенат и во Конгресот.

„Јас имам разговарано со амбасадорот Бејли, сум разговарал и со негови помошници. Јасно им е дека се огрешиле во случајов, дека парите коишто ги давале за политички, чисто партиски цели во Македонија се директна злоупотреба на нивната функција. Сфаќаат дека времето им истече, гледаат дека предлог-буџетот на Трамп предвидува тотално укинување на партите за политички поврзана помош. Тоа значи дека фондовите ќе пресушат, политичката поддршка ќе ја снема за ваков вид на злоупотреби, гледаме дека и начинот на кој се поставуваат албанските партии подолго време и сакаат и не сакаат и ваму се и таму се и тие разбираат дека состојбите во Вашингтон се менуваат и дека посетат ана Хојт Ји може да биде последен обид на оваа стара структура да ги промени рабоитите, но може да биде и почеток на крајот“, рече Чилиманов.

Според него, иницијативата „Стоп операција Сорос“ насочила силна светлина со помош на пријателите дома, но и однадвор, кон, како што потенцираше, тој систем на отворено американско мешање. Одреден ефект, смета Чилиманов веќе е постигнат, но нагласи дека е потребно тој да биде круснисан со целосна и јасна промена на надворешната политика на американската администрација кон Македонија.