Чилиманов: Невладините на СДСМ ја рангираат Македонија на ниво на ИСИС

Прикриени партиски активисти се невладините организации кои пишуваат извештаи за слободата на медиуми. Тие дури и повикуваат на протести. Сега сме рангирани на ниво на Таџикистан и Мали, а бевме на 30-то место. Дури уште во времето на Црвенковски тие на писмено се изјасија дека ќе работат со меѓународни организации за слобода на медиуми за да напишат дека нема слобода на медиуми. Но, да те рангираат на ниво на ИСИС и земја каде има државен удар на секои 6 месеци е бесмислено. Тие немаат никаква освен политичка причина да ја критикуваат состојбата во медиумите. Ирекс, Фридом Хаус, па Сорос на Милчин па СДСМ- кругот е затворен и е политички, изјави Цветин Чилиманов од МАН, пренесува Курир.

– Тој сака Агенцијата да казнува ако за него нема 30 секунди како што има за некој друг политчки лидер. Тој сака да казнува ако водителот ги најавува вестите како што него не му е по ќеиф. Сака Агенцијата да има дискреционо право да затвора медиуми како што него дента му се виделе вестите. Кој сака таква моќ да има еден бирократ, можеме ли да се согласиме дека таква Агенција не ни треба. Можеме ли овде да се согласиме дека ако постои говор на омраза, си постои и кривичен закон по кој може да се поднесе тужба. Ние овде зборуваме дека СДСМ и Заев сакаат целосна контрола врз приватните медиуми, а не дерегулација како што се обидуваат да прикажат во јавноста, рече Чилиманов.

За Драган Антоновски политичарите ни ја киднапираа професијата, и смета дека преговорите за медиуми треба да ги водат новинарите, не политичарите.

– Демократски беа извештаите кога 1994 ВМРО-ДПМНЕ не учестуваше на изборите, или 1999 кога се местеа изборите за Борис Трајковски или во 2004 кога Стево Пендаровски ги местеше претседателските за Црвенковски, а сега не е демократија,  вели Чилиманов.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.