Чилиманов: По ветувањата на СДСМ, амбициите на албанските партии ќе растат

ДУИ и ДПА се партии кои не се борат на целата територија на Македонија, туку бараат гласови само од еден дел од населението. Тие се професионално албански партии и никогаш нема да бидат задоволни. Бизарна е трансформацијата на СДСМ во професионално албанска партија, која што не се натпреварува на целата територија, туку станува пандан на ДУИ и ДПА, вели новинарот Цветин Чилиманов во емисијата „Радио Полиграф“ на Радио Слободна Македонија.

Тој вели дека амбициите на албанските партии ќе растат откако СДСМ ги отвори етничките теми.

  • Ќе биде многу тешко да се вратат апетити на албанските партии, освен ако ВМРО-ДПМНЕ оствари убедлива победа на претстојните избори, истакна Чилиманов.

Тој потенцира дека ВМРО-ДПМНЕ останува единствен гарант на актуелното Уставно уредување и на стабилноста на земјата.

Целата емисија можете да ја погледнете тука:

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.