Чилиманов: Скандалот со „Телеком“ е далеку поголем од бомбите на Заев

Цветин Чилиманов, кој гостуваше во емисијата на Миленко Неделковски истакна дека скандалот со Телеком е далеку над било што со кое цело лето не занимаваше Зоран Заев.

Тој вели дека овој скандал е многу поголем од сето она што лидерот на СДСМ го пласираше во нелегално стекнатите материјали кои ги нарече “бомби“, пренесува Курир.

-Овој скандал е многу поголем од она што го презентираше Зоран Заев, како по сериозност на материјалите кои се понудени како доказ, така и по износот на суми и по висината до која е допрено, по типот на луѓе кои го вршеле корумпирањето, грчките врски, странските служби. Се работи за скандал кој што фрла драматично, мрачно светло како на последната Влада на СДСМ, ДУИ и ЛДП, односно коалицијата на СДСМ Бучковски, Црвенковски и Шекеринска, од ДУИ Муса Џефери и од ЛДП тука се спомнуваат Ристо Пенов како сива еминенција. Како таа коалиција правела се што можела за да ја држи Македонија во едно средновековие, да го спречи развојот на информатичкото општество во Македонија, да спречи тоа што беше почнато во 2000-та година да дојде модерна странска сериозна компанија од Германија која што ќе го модернизира нашиот телекомуникациски систем кој ќе овозможи и во Скопје да се промовираат новиот таблет и телефон, рече Чилиманов.

Тој потенцира дека во 2002-ра година владата на Георгиевски донесе одлука да влезе и втор оператор за да има здрава конкуренција со која македонскиот граѓанин ќе ужива и во висока технологија и во разумна цена.

-Со доаѓањето на Владата на Бранко Црвенковски, Хари Костов, Бучковски во коалиција со ДУИ и ЛДП, сето тоа од овие документи јасно станува дека гледале буквално оваа држава да ја држат во средновековие и застанати, за да можат да исцицаат што повеќе пари, заклучи Чилиманов.