Чилиманов: СДСМ низ годиниве прави спин со долгот

Многу смешен спин на СДСМ низ годиниве е со долгот, вели новинарот Цветин Чилиманов на социјалната мрежа Фејсбук. Посочува дека СДСМ редовно преку нивните медиуми низ годиниве информираа кога Министерството за финансии ќе се задолжеше, а не информираа дека 90 посто од новиот долг се користи да се отплати стар, достасан долг.

Чилиманов вели дека новиот дополнителен алтернативен помошник заменик министер Кире Наумов е еден од најредовните катастрофичари од редовите на СДСМ, за кого, со две минути гуглање, гледате дека со години наназад неуспешно прогнозира пад, колапс, банкрот на македонската економија:

cilimanov-1

Многу смешен спин на СДСМ низ годиниве е со долгот. Редовно преку нивните медиуми информираа кога Министерството за финансии ќе се задолжеше, а не информираа дека 90 посто од новиот долг се користи да се отплати стар, достасан долг. Позајмуваме 40 милиони евра во понеделник, уште 35 милиони евра во петок, а враќаме 65 милиони евра следната недела и имаме нето нов долг од 10 милиони. Медиумите на СДСМ ова ќе го пренесеа дека божем имаме нов долг од 75 милиони евра. Обично на крај на годината ќе направеа пресек на своите текстови и ќе излезеа со ненормални бројки дека долгот ни се зголемил за, на пример, 800 милиони евра, па ќе пуштеа некои од нивните аналитичари да прогнозираат дека ни се заканува банкрот и грчко сценарио, и тоа ќе трае додека не излезат ММФ или Светската банка со проценки како Македонија останува една од најниско задолжените држави во светот. Оваа шамарчина за СДСМ обично ќе траеше кратко, ќе почекаат месец два да се подзаборави и ќе почнеа повторно да дигаат паника околу долгот.

Еден од најредовните вакви катастрофичари од редовите на СДСМ е новиот дополнителен алтернативен помошник заменик министер Кире Наумов, за кого, со две минути гуглање, гледате дека со години наназад неуспешно прогнозира пад, колапс, банкрот на македонската економија:

Сркајте политика, економскиот колапс на Груевски доаѓа по изборитее

на 2.2013 – Локално

Анализирајќи ги политичките збиднувања економскиот аналатичар Кире Наумов во својата колумна за Дневник, под наслов „Ем премиери ем хуманисити“ вели воопшто не ми е јасно инсистирањето на брзи предвремени…

http://fokus.mk/i-argentinskite-vladi-pravea-statistichki-…/

http://www.dnevnik.mk/…

Ок, јас генерално се надевав дека катастрофичарите од СДСМ како Куре Наумов ова го сфаќаат и дигаат паника за да добијат политички поени. Близу памет дека навистина веруваат во спинот што и го продаваат на јавноста. Но, откако Наумов стана дел од Владата (откако изгуби од Заев и доби одвај четвртина од гласовите при изборот за лидер во СДСМ – што значи дека на ниво на Македонија би бил партиска величина на ниво на Лиле ДОМ или Павле Трајанов), гледаме дека Наумов очигледно сериозно верува во помијата што и ја сервираше на јавноста. Ова е навистина сериозен нов момент, можеби посериозен и од ситуацијата кога дополнителниот министер за внатрешни работи се обиде да ја распушти полицијата на неговиот прв ден на работа. Изгледа дека екипата од Маѓар Телеком најпрецизно го прочитале Наумов кога, при обидот Црвенковски да го уфрли како негов човек во масовната криминална зделка со Контоминас, оцениле дека две овци врзани да му дадеш овој ќе ги изгуби, вели Чилиманов.