Чилиманов: Заев е изгубен случај – дава три ралични изјави во ист ден

Зоран Заев е изгубен случај и цело време тактизира со неговите т.н. бомби, а всушност тој самиот дава три различни изјави во еден ден – кои ако ги составиш немаат никаква врска, смета новинарот Цветин Чилиманов, пишува Курир.

– Јас мислам дека има поларизација како што сите кажаа меѓу групите коишто се веќе определни, поготово што во овој момент сите информации и целата иницијатива доаѓаа само од едната страна. Заев првиот ден кога беше поднесена кривичната пријава даде три различни изјави на три различни портали кои што се под негова контрола, сите беа од една реченица и немаа никаква врска заедно да ги составиш. Потоа дава изјава пред седиштето на СДСМ која нема никаква врска со темата на разговор и псоле тоа седат разговараат што ќе прават, излегува на прес-конференција и веќе имаме видлива нервоза кај новинари негови поддржувачи коишто чекаат на тој прес – каде е бомбата, каде се документите и пак ја нема, така да тоа е веќе навистина изгубен случај, рече Чилиманов во емисијата Миленко Неделковски Шоу.

Од другата страна премиерот, смета Чилиманов, тој што ќе каже генерално Заев мора да смета на тоа дека е точно и подкрепено. Кога ќе каже дека рекол дека соработува со тајни служби тоа е точно, ако каже дека го уценивал приватно-политички да има некоја поддршка, што за него е јасно и нема никаков сомнеж дека и тоа е точно.