Македонија

Чилиманов: Заев го водат луѓе кои 50 години управувале со државава, затоа за себе зборува во трето лице

Чилиманов: Заев го водат луѓе кои 50 години управувале со државава, затоа за себе зборува во трето лице

Кампањата којашто во изминатите месеци СДСМ  ја организираше наводно преку невладини организации, разни здруженија на студенти, хонорарци кои во принцип беа истите 100-200 луѓе коишто протестираа еден ден како здружение на студенти, еден ден како хонорарци, тред ден како нешто друго. Се обидуваа да се претстават и да се промовираат себе си како партија којшто нуди реформи и како пратија која може да понуди решение за младите. Мислам дека тоа е една апсолутно погрешна идеја бидејќи да имаа некаква реформска идеја во својата партија досега ќе видовме нешто од тоа, истакна новинарот Цветин Чилиманов, пред чуварите на демократијата.

ВМРО-ДПМНЕ, посочи тој, можат да бидат горди на себе затоа што девет години нудат решенија кои можеби честопати го погодуваа традиционалното гласачко тело на нивната партија, но коишто нудеа решенија за реформирање на образованието, здравството, локалната самоуправа, управувањето со градежното земјиште, чија цел е унапредување на животите на илјадници граѓани.

-Реформите кои ВМРО-ДПМНЕ ги спроведува овозможуваат да се создаде тоа што систематски било уништувано во Македонија во изминатите 50 години. Тоа е граѓанска класа којашто ќе биде економски независна од државата и која утре ќе успеа да биде умерено политичко движење во Р.Македонија и коешто ќе гласа против обидите за дестабилизација и против радикалните решенија коишто доаѓаат од СДСМ во изминатите неколку месеци, истакна Чилиманов.

Како што посочи Чилиманов со ваквите добри реформи може да се оди и понатаму, да се се бара ваучерско образование, да се продожи мерката на владата за правење на високото образование  да биде подостапно и во помалите градови низ државата и во Кичево, Штип, Ресен и во други места да се отворат факултети, па дури да се оди и чекор понатаму тоа да биде и преку приватно образование. Чекор, за кој како што нагласи Чилиманов, СДСМ сериозно ќе се противи и каде што ќе ги покаже своето вистинско лице – дека тие се партијата која сака државна контрола во сите сфери на општественото живеење.

-Видовме дека ВМРО-ДПМНЕ во сферите кадешто дозволи  приватниот сектор да се развива постигна феноменален успех. Се надевам дека оваа криза доколку доведе до нешто-дека тоа ќе биде обновена храброст и самодоверба во партијата да се врати на своите конзервативни принципи и да нуди уште повеќе и уште похрабри решенија во преостанатите сфери, во јавната администрација, во здравството, во образованието, во локалната самоуправа, рече тој, додавајќи дека причината поради која СДСМ се решени да одат на вакви ризици и да прават ваква сериозна дестабилизација на државата, е затоа што гледаат дека централната власт сеуште е премногу голем и мрсен залак за нив и дека сеуште премногу пари се вртат во централниот буџет.

-Тие се навикнати 50 години да управуваат со централната власт во Р.Македонија, со се што се случува во оваа држава во било која сфера на економијата, на културата, на образованието и на здравството, истакна Чилиманов.

Зоран Заев, нагласи тој, го водат и го координираат луѓе коишто 50 години управувале со оваа држава и јасно е зошто тој зборува за себе со трето лице еднина.

-Јасно е дека тој секое утро е подготвуван, инструиран, чита подготвени материјали. Не смееме да ги потцениме како колектив, како организација која сеуште знае како може да ги манипулира институциите во оваа држава, потенцираше новинарот Чилиманов.