Чистел двор, пронашол граната

Кичевец пронашол граната чистејчи го дворот, информираше МВР.

Според полицијата, Г.Н.(57) вчера го пријавил случајот. На местото дошла полицијата и тим на Дирекцијата за заштита и спасување. Тие утврдиле дека станува збор за артилериска граната со калибар од 110 милиметри.

Истата потекнува од Првата светска војна. Пиротехничарите од ДЗС безбедно ја отстраниле екплозивната направа и ја однеле за понатамошна постапка.