четврток, 30 март 2017  |  Вести денес: 31

Чистење на коритото на Вардар во централното градско подрачје

cistenje

Последни вести

Во текот на изминативе денови екипи на ЈП „Улици и патишта“ и на Бригата на противпожарна заштита ги чистеа водите на реката Вардар во центаралното градско подрачје од наносите на надојдените води од обилните врнежи на дожд.

Екипите на достапните места рачно и со механизација од водата извадија големо количество пластична амбалажа, суви гранки од дрвја и поголеми стебла коишто ги донесоа најдојдените води на Вардар. За да стигнат до местата коишто ги расчистуваа наносите, работниците користеа и чамци.

Има делови од користото на реката Вардар коишто не се достапни и екипите на Градот ќе интервенираат кога ќе се создат услови за безбедно работење.

Најчитани вести