Чистиот кофеин во прав може да биде смртоносен

Чистиот кофеин е мошне популарен меѓу тинејџерите во САД поради големата енергетска вредност, но тој може да биде смртоносен дури и во мали дози.

Управата за храна и лекови на САД тргна во борба против тој производ, затоа што тој и понатаму се продава како додаток во исхраната.

Само една кафена лажичка кофеин во прав која е еднаква на количината на кофеинот во 25 филџани кафе може да биде фатална.

Управата за храна и лекови на САД (FDA) уште минатото лето ги предупреди потрошувачите да не користат чист кофеин во прав, откако 18 годишно момче во Охајо почина од прекумерна доза на кофеин. Сега Управата ќе покрене правна процедура против компаниите што продаваат чист кофеин во прав затоа што може да биде смртоносен во мали дози.

Некои поголеми трговци го повлекоа овој производ од продажбата, но сепак тој и понатаму е достапен по интернет и во некои продавници.

Симптомите на предозирање со кофеин се забрзано или нееднакво работење на срцето, напади, повраќање, дијареја и дезориентираност.