Чисто и зелено Водно! – голема забавна еколошка акциja

Во сабота и недела голем број музички ѕвезди во улога на „Шумски свирачи“ ќе ја распеат природата на планинарските патеки на Водно!

Радио Бубамара традиционално ќе прослави 24 години постоење со весела еколошка акција која ќе започне од сабота на 12 мај, во 9 часот со голем број љубители на природата и добрата музика.

Притоа заедно со љубителите на Водно ќе организираат собирање и селектирање на пластични шишиња, ќеси и на другиот отпад што се наоѓа околу планинарските патеки на Водно. Во акцијата се вклучени извидничките одреди на Јадран и Псио кои заедно со рекреативците и музичарите ќе ја координираат акцијата.

Препорачуваме посетителите кои во наредните две недели ќе го посетат Водно, нека земат со себе , ќесичка во која ќе можат да го собираат лесниот пластичен отпад и да го фрлаат во контејнерите што во голем број ќе бидат поставени во подножјето, на повеќе места на врвот и патот на Средно Водно во близина на секоја планинарска патека.

Акцијата е доброволна и во неа може да се вклучат сите планинари и рекративци кои ја сакаат природата , па затоа еден од слоганите е : Кој може и сака нека собира, а кој не може , барем нека не фрла ѓубре во природата.

Терминот ШУМСКИ СВИРАЧИ за прв пат се воведе во 2015 година кога за прв пат се одржа оваа акција, а планинарите и екологистите песна пееа заедно со Љубојна, Синтезис, Гуру Харе , Пепи Ренџов, Јаков Дренковски, Џокси, Влатко Мартиновски , Пеперминт, Аки Рахимовки / Парни Ваљак, Никола Јанков и Влатко Стефановски . Во акцијата ќе може да учествуваат сите граѓани што ја сакаат природата и го знаат значењето на зеленото, чисто и пошумено Водно.

Општините Карпош и Центар во текот на наредната недела ќе ги расчистуваат малите диви депонии .
Акцијата е поддржана од Еко партнер Пакомак и Град Скопје.