Спорт

Чизмовиќ е најновата аквизиција на Зомимак

Чизмовиќ е најновата аквизиција на Зомимак

Струмички Зомимак го донесе и петтото засилување за новата сезона и тоа на пикерската позиција, откако од денеска Стефан Чизмовиќ е нов член на клубот.

Чизмовиќ потпиша едногодишен договор со струмичани. Станува збор за 22-годишен ракометар, кој во Зомимак доаѓа од Будванска Ривиера. Тој е вториот Црногорец во македонскиот тим, откако претходно клубот се засили и со сонародникот на левата крилна позиција Мирко Мајиќ.

Чизмовиќ покрај Будванска Ривиера, има играно и за Сутјеска и Ловќен, а ги мина сите младински репрезентативни селекции на Црна Гора и беше на попирокиот список на најсилната селекција на оваа земја.

Извор: Спортмедиа.мк